Хуманитарен настан за Сара во Зоолошка градина Скопје

Сподели

Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната мисија за собирање на средства за малата Сара.
Во прилог ви испраќаме информации за настанот кој ќе се одржи оваа сабота во Скопје Зоо.

Во сабота во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара Настеска од Охрид.

Од 12:00-15:00 посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а притоа и да донираат за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж.

Во Зоо Скопје веќе неколку дена е поставена и кутија за донации, па и на самиот влез граѓаните може да донираат и да бидат хумани.
Да се обединиме сите за Сара!