Хуманитарна акција за донирање храна

Сподели

Под мотото „Подари храна и добиј подарок“ Коалицијата „Боите на животот“ денеска организира хуманитарна акција за собирање најразновидна храна за социјално загрозените семејства.

Целта на оваа хуманитарна aкција, велат организаторите, е подигнување на свеста кај сите граѓани, развивање на својата хуманост, но и желбата да се помогне на другите, на оние кои имаат помалку или воопшто немаат.

На пунктот во Веро Тафталиџе граѓаните од 10 до 15 часот ќе можат да донира храна, која ќе биде поделена на социјално загрозените семејства, а организаторите ќе им подарат кошула од „Албатрос“.