Стоилковски: Нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата

Сподели

Јавното обвинителство мора да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот.

Почитувани, за денот на гласањето посочивме на низа нерегуларности, аргументирано и со докази за кршење на молкот, лажно претставување, злоупотреба на телефонски броеви, кол центри на СДСМ, потоа основано сомнение за полнење на кутии, лажирање на резултати, насилство врз набљудувачи, а од него, од ЈО Јовески – ниту глас! ВМРО-ДПМНЕ постојано поднесува кривични пријави за кривични дела против изборите, за кои ЈО треба само по службена должност, екс официо, веднаш сами да отворат истрага! Ама, Јавниот обвинител го НЕМА!

Јовески имаше две недели откако беше поднесена кривична пријава против Зоран Заев за поткуп и поттикнување поткуп во изборни цели, со докази кои што сите ги видоа, искажани лично од Заев на јавна сцена, на трибина во Крива Паланка, со јасна порака и мотивација за поткуп на избирачко право! Поднесена од ВМРО-ДПМНЕ во септември.
Јовески и ЈО не мрднаа со прст целиот период иако времето, деновите до референдумот беа круцијалниот момент! Дури како партија побаравме и навремено известување дека се преземени постапки, ниту тоа го немаше! Референдумот заврши, во такви криминални услови, а Јовески не мрда со прст!

Почитувани, сите нерегуларности во врска со референдумот сите индиции за криминални изборни дејства мора да бидат истражени. Но за тоа е потребен избор на нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата. Треба брза смена на Републичкиот Јавен Обвинител!

Почитувани, криминални избори не смеат да се повторуваат, сторителите на вакви криминални однесувања да бидат изведени пред лицето на правдата. Ако тоа не се случи, повторно ќе ни се случуваат криминални избори. Тоа можеби се европски вредности за власта, но не и за Република Македонија. Затоа Република Македонија мора да има Јавен обвинител кој што ќе биде кредибилен да ги истражи сите овие случаи и обвинувања, за да можат граѓаните да веруваат на институцијата и тоа што ќе излезе од таму, навистина да се верува дека е така.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говорник Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ