Алтернатива Настани

II Интернационално графичко биенале

Сподели:

Друштвото на ликовни уметници на Македонија има чест да ве покани на свеченото отворање на II Интернационално Графичко Биенале. Свечената церемонија е закажана за 21 (петок) декември во 20:00 часот во Музеј на Град Скопје. 

На овогодишната меѓународна изложба, покрај домашните ликовни уметници, учество ќе земат и автори од пет земји: Мексико, Србија, Турција, Холандија и Португалија, кои ќе бидат рамноправни конкуренти за една од престижните награди кои Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги доделува.

“Живееме во време кога сме сведоци на доминацијата на дигиталните медиуми. Современата технологија која се почесто се користи како средство за изразување во ликовната уметност, неизбежно влијае на постепеното исчезнување на овој уметнички жанр. И покрај тоа што има голем број настани посветени на оваа ликовна техника кои постепено згаснуваат, искрено веруваме дека ова “Интернационално графичко биенале” ќе стане традиционална изложба со врвен ликовен квалитет.”

Настанот е реализиран со покровителство на: 
Друштво на ликовни уметници на Македонија, Министерство за култура на Р. Македонија, Град Скпоје, Музеј на Град Скопје, АД ЕЛЕМ, Софија Богданци.

Сподели: