Индиски леб – Тава Наан

Сподели

Tawa-Naan-e1428194267137

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

900 г брашно

1 супена лажица шеќер

1 супена лажица сол

1 квасец

300 мл млеко

80 мл павлака

2 супени лажици маслиново масло

1 јајце

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.

Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на површина покриена со брашно. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.

Рерната пуштете ја да се згрее на 250 степени.

Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се попечат барем 10 минути, додека не се заруменат малку.

Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „naan“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магдонос.