ИТАЛИЈА: Пронајдени шест преживеани во затрупаниот хотел

Сподели

 

Шест лица се пронајдени живи под урнатините на хотел во планинска област во италијанскиот регион Абруцо.

Врз хотелот пред два дена се урна лавина, а претставниците на противпожарните бригади наведуваат дека преживеаните допрва треба да бидат извлечени.

Првиот контакт со преживеаните е воспоставен околу 22 часот, јавува италијанската агенција.

Снежна лавина во средата го затрупа малиот хотел во кој имало 30 гости, меѓу кои и деца.

Лавината најверојатно тргнала по земјотресите.

Објавена е снимка од хеликоптер кој лета над затрупаниот хотел, а на снимката се гледаат само врвови од дрва и покривот на хотелот.

Досега две лица се спасени, а се стравува дека бројот на загинатите може да биде голем.

meta.mk