Изјави Македонија

ИЗЈАВИ: ЉУБЕ БОШКОСКИ

Сподели:

maxresdefault

“Ви гарантирам дека во затворите има и доживотно осудени луѓе, за кои не е докажано делото. Тоа е сериозен проблем со кој е соочена Македонија, проблем кој очекувам дека ќе биде решен и сериозно сфатен, а за мојот случај други зборуваат. Посебно сакам да зборувам за тие луѓе што останаа во „Идризово“ и во другите затвори низ државата за кои гарантирам дека повеќе од 50 проценти се осудени без докази. Деновиве особено се ангажирам за еден мој голем пријател од Косово со кого заедно поминавме пет години, господинот Флорим Малоку, кој осум години лежи за дело што не е докажано. Денеска сакам да апелирам за условите во затворот, да им помогнеме на затворските управи, на директорите на затворите низ државата за невозможните услови за живот во кои се наоѓаат затворениците низ затворите во државата.”

Сподели: