Јанакиески барал помилување од претседателот Иванов

Сподели

Обвинетиот Миле Јанакиески барал помилување од претседателот Ѓорге Иванов за него и за сите лица кои ги гони Катица Јанева.

СЈО добило белешка од УБК со наод дека Јанакиески преку посредник му ипратил порака на Иванов на иницијатива на поранешниот министер. Токму ова е причината зошто и Јанакиески заврши во притвор. Сепак, Претседателот го одбил барањето за амнестија, а посредникот го известил Јанакиески кој во помилувањето гледал спас од одговорност.

Јанакиески имал и сметки во банки надвор од земјава, околност која би му го олеснило бегањето од Македонија. На барање на СЈО му беше одреден 30 дневен притвор по сознанијата дека планира бегство.