Јанева: СЈО поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и 7 правни лица

Сподели

Специјалното јавно обвинителство досега покрена 17 обвиненија за 18 предмети, против вкупно 94 физички и 7 правни лица, информираше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција, еден ден пред истекот на рокот за покренување обвиненија од страна на СЈО.

Законот со кој беше формирано СЈО иако беше донесен на 15. септември 2015 година, сепак фактички Обвинителството работи само 10 месеци. Им благодарам за истрајноста и посветеноста на мојот тим, а на граѓаните за довербата. И покрај тоа што не се обезбеди законско решение за работата на СЈО, ние успеавме да ги поднесеме сите обвиненија за кои обезбедивме цврсти докази. За предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на една партија, истрагата ќе продолжи.

„Денешниот ден, ниту 30 јуни, ни 1 јули не менува ништо во фактот дека ова Јавно обвинителство има капацитет и ќе продолжи преку независни и темелни истраги за кривичните дела за кои е надлежно“, додаде обвинителката.