Јанковски до Тодоров: Засрами се и наведни глава, гробару на ВМРО!

Сподели

Кариеристот Нино Тодоров ака Нино Смрт или Тодорoff седнал и пишал писмо дека вака не оди. Не сме проаѓале у Скопје. Па кој беше советник за град Скопје кај Груевски у кабинет а Нинче? Другар ти Ивица со кој заедно влеговте у партија по налог на Мијалков 2003/2004. Ти текнува? Зошто не проаѓаме у Скопје бе фраер? Ради тебе и таквите како тебе што си ги собравте по кабинети и управни одбори. Ради тебе и таквите како тебе што маме и ебавте на партијата. Ти позади тебе немаш ниту еден успешен проект. Ни у Катастар, ни у образование, ни у здравство. Поготово у здравство, бе фраер! Луѓе умираа заради тебе и твојата политика. Министер за сѐ и љубимец на Груевски. Носител на титулата наследник на Груевски! Ти текнува како продолжија да стигаат илјадници евра кај татко ти на сметка од кога отиде у пензија? Ти текнува ли како поим немаше како изгледа структурата на партијата у која што влезе 2003/2004? У кафичот на ул. Македонија кога седевме и ти објаснувавме, тебе и на другар ти Ивица? Ти текнува кога викаше дека била селска химната на партијата и дека сме морале да ја смениме за да привлечеме млади? Ти текнува како се подбиваше со сите кои не мислеа како тебе? Ти текнува ли Нинче како стана министер? А? Преку кого сѐ мораше да поминеш? Има луѓе памтат. Климаше со глава и се сложуваше, ма какви, ги креираше сите лоши политики на партијата. Ти текнува како се дереше по телефони за да се притискале сите што сте ги вработиле да гласаат за тебе? Ти текнува како урлаше по телефон за списоците 1+3 и за оние 25 сигурни гласачи кој требаше секој член на ВМРО да ти ги обезбеди? Ти текнува дека имаше најслаб резултат како носител на листа? Ти не проаѓаш бе фраер, ти и таквите како тебе бевте и уште сте ракот во ВМРО. Кариеристи, материјалисти! Ти текнува ли на твоите кадровски решенија, сите поранешни членови на сдс? Ти текнува ли како зборуваше – мораме да ги придобиеме и нив затоа им даваме. Сега нешто не ти чини? Како сѐ ти беше во ред дур беше министер? Ти текнува на лабораториите за факултетите? Кинески и преплатени? А ти текнува на апаратите кои немаа(т) сеуште соодветни простории да работат? Како можеш да се појавиш у јавност после случајот со Тамара? Сакаше ПР и од неа да правиш. А те браневме со сите сили иако не можевме да те гледаме, затоа што ти беше ликот на партијата, наследникот. Успеа да го скараш ВМРО со сите професори, успеа да го скараш ВМРО со сите доктори! Успеа 10 пати да смениш закон за образование у неколку години и директно да ја заебеш иднината на нашата држава! Ти текнува кога викаше – абе тоа сељаците од по градовиве не разбираат многу, нашите гласачи се прости, што и да им сервираме ќе голтнат? За другарка ти Бришковска да не мислиш кога збориш за луѓе од други партии на позиции во ВМРО? Онаа истата што си ја прибравте у екипа кај Сашо уште кога влеговте у ПУИГ со Ивица 2006 а? Ти текнуваат ли патувањата до Виена за одбрана екипа у Вавилон, а фраер? Демохристијан, десничар, идеолог уште се претставуваш. Кога јас зборев за Тодор Александров ти викаше дека ние требало да ја смениме химната дури и знамето на партијата за да сме привлекле гласачи! Немој да лажеш дека тебе ти е гајле за ВМРО. Не ти е! Гајле ти е за сопствените бизниси (не само кафичот у Капитол и адвокатската куќа која магично брзо расте). Гајле ти е за сопствената слобода. Затоа одработуваш за туѓи бели дворови! Затоа пишуваш небулози и глупости. Зашто се плашиш за сопствената слобода и се ставаш на располагање на кој стигнеш! Засрами се и наведни глава, гробару на ВМРО!

Изјави, Златко Јанковски – поранеш порпарол во Министерство за култура