Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Јавното обвинителство прислушувано со години – опремата монтирана во телефонската централа

Сподели:

 

Љубомир Јовевски Јавниот обвинител денеска соопшти дека институцијата била цел на прислушување, кое веројатно траело со години. Опремата била монтирана во рамките на телефонската централа.Од 30. септември 2016 година, до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонските централи во ЈОРМ.

ОЈО сега ќе истражува дали снимените материјали биле изнесувани од институцијата или на кој било начин злоупотребени. Сите снимени телефонски разговори на обвинителството биле сместени на два хард диска кои се наоѓале во просторијата каде што е телефонската централа. Централата била набавена откако е пуштена во употреба новата зграда на ОЈО.

Од обвинителството ќе проверуваат дали разговорите биле снимани и пред 2016 година, со оглед на тоа што ОЈО е преселено во новите простории во центарот на Скопје од 2013 година.

Во предистражната постапка која ја води ЈО Скопје ќе се истражува дали биле снимани и разговорите на Обвинителството за организирал криминал и корупција.

Сподели: