Вести Ударни вести

Картер: Кина ризикува да западне во самоизолација

Сподели:

6642180443_631e64cb70_o

Американскиот секретар за одбрана, Ештон Картер, денеска ја предупреди Кина дека ризикува да западне во самоизолација и го повика Пекинг да се приклучи кон „една принципелна безбедносна мрежа во Азија“.

– Активностите на Кина во Јужното Кинеско Море може да доведат до нејзина самоизолација, во услови кога целиот регион тежнее кон зближување и кон соработка. За жал, доколку продолжи со ваквите постапки, Кина може околу себе да формира голем изолациски ѕид – порача Картер во обраќањето на собирот „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур.

Јапонскиот министер за одбрана, Ген Накатани, исто така, изрази загриженост поради активностите на Кина во стратешки важното Јужно Кинеско Море, кое Пекинг го прогласи за своја територија и почна со изградба на вештачи острови за воени цели и за искористување на богатите резерви на нафта и на природен гас.

– Едностраните чекори за промена на статус кво претставуваат јавно отстапување од принципите на меѓународното право – рече Накантаби во обраќањето на собирот.

На овој најголем безбедносен форум во Азија учествуваат околу 20 министри за одбрана од државите од Азиско-Пацифичкиот Регион. Собирот го организира Меѓународниот институт за стратешки истражувања со седиште во Лондон.

Покрај проблемот со кинеските претензии над Јужното Кинеско Море, низ кое минуваат едни од најфреквентните поморски трговски рути во светот, на собирот се очекува да стане збор и за заканите од исламистите во Азија и за севернокорејската нуклеарна програма.

http://meta.mk/karter-kina-rizikuva-da-zapadne-vo-samoizolatsija/

Сподели: