Вести Свет

Каталонците на улиците бараат отцепување од Шпанија

Сподели:

thumbs_b_c_5e9978ccb0086e82291fd7d16477917d

МАДРИД (АА) – Околу 800.000 Каталонците се собраа во неколку североисточни региони барајќи да се отцепат од Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Граѓаните на улиците на Барселона, Берга, Леида и Тарагона излегоа со транспаренти и знамиња.

Каталонија, шпанскиот автономен регион во североисточниот дел на Пиринејскиот Полуостров, бара да се одржи референдум на 9 ноември, додека пак шпанската влада не го одобрува и не дозволува негово одржување.

Парламентот ја повика регионалната влада да обезбеди почитување на Уставот и законот, истакнувајќи дека само централната власт може да распише такво национално изјаснување.

Во последните две години во шпанската јавност се повеќе се дискутира за независноста на Каталонија. Анкетите покажаа дека повеќето Каталонците, од нив вкупно 7,5 милиони, сакаат независност.

Каталонија ја изгуби својата независност со доаѓањето на власт на Бурбонците во 1714 година. Во почетокот на 20 век се развива движење за национална автономија, со кое Каталонија во 1932 се стекнува со делумна автономија, а каталонската самоуправа е прогласена во 1936 година.

За време на Шпанската граѓанска војна Каталонија беше главното жариште на отпор на републиканците против Франциско Франко и интервенционистите. Со гушењето на отпорот во 1939 година, Франко бил целосно ја укина каталонската самоуправа.

Со доаѓањето на власт на шпанскиот крал Карл Иван, Каталонија во 1977 година доби привремен автономен статус, а автономија во 1979 година.

Сподели: