Вести Став

Кој и да е кандидатот на Мицкоски што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, го чека пораз на претседателските избори

Сподели:

Изборот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е само фарса, Мицкоски сам ќе си го бира својот фаворит.

Кој и да е кандидатот на Мицкоски, што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, против иднината на Македонија, го чека пораз на претседателските избори.

Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е голем успех за граѓаните и силен пораз за пионот Мицкоски, за неговите деструкции и за неговите антизападни шефови.

Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато.

Граѓаните заслужуваат вистински претседател кој ќе ги штити интересите на државата, на граѓаните и ќе работи за напредок и иднина во НАТО и ЕУ.

Пионот Мицкоски и неговиот антизападен кандидат нека се подготват за изборен пораз – стои во соопштението на СДСМ.

Сподели: