Колумна Текстови

КОЈ ЈА УНИШТУВА МАКЕДОНИЈА!? – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели:

Славниот сликар Пабло Пикасо јавно се спротиставувал на шпанскиот и германскиот фашизам, но поради огромната популарност сепак останал имун од нивен прогон. За време на окупацијата на една негова изложба во Париз, германски висок офицер се сконцентрирал на сликата „Герника“, каде што се прикажувале страдањата на милиони невини луѓе од граѓанската војна во Шпанија особено по германското бомбардирање.

– Вие сте го направиле ова ?! – налутен прашал фашистичкиот офицер.

– Не, туку вие, возврати сликарот!

Државата која после ДПМНЕ наликува на Хирошима по атомското бомбардирање. Полно со урнатини и густ чад, а што е најлошо сето тоа со сите сили не даваат да се оправи. Дури ја обвинуваат новата власт за злоделата што самите ги направиле изминативе 11 години. Треба да им се каже – „не, туку вие“ продолжувате со кремлинското сценарио за рушење на државата  со цел спасување на тие што луѓето ги ограбиле до коска. Токму тие што ги фингираа кумановските настани и слични. Сега настојуваат да ги урнат институциите на државата во име на некакви принципи и право, над кои со години уринирале. Погрешно е да се мисли дека  тие тоа го прават поради локалните избори оти знаат дека нормален човек тешко дека ќе гласа за нив. Секому е јасно – додека нивните фалби силно грмат, нивната поддршка тивко шепоти. Секој нормален не бара светлина од мрачен ум. И не верува дека државата може да ја спасат токму тие кои 11 години ја уништуваа. Груевците знаат дека ако отидат на избори ќе им се случи невидена хаварија. Затоа продолжуваат со ирационалното настојувајќи да ја измамат сопстената совест.

Неодамна, американскиот потпредседател Мајк Пенс на самитот на Јадранската повелба во Црна Гора, кажа дека „Русија посакувала со сила да ги прекрои границите на Балканот. Московските агенти планирале да го убијат премиерот и да го запрат патот на Црна Гора кон НАТО“.  Добрите познавачи на балканските состојби се сложуваат околу тоа дека Москва со години се подготвувала да создаде конфликт во западен Балкан. Лоријан Бибер, директор на центарот за студии на југоисточна Европа вели – „Русија никогаш порано немала интерес за Македонија, но сега се обидува со помош на старата влада силно да влијае за свои цели“. Игор Бандовиќ од Европскиот фонд за Балканот вели дека САД треба да се ангажираат многу посериозно за да го спасат регионот од катастрофа. Американскиот конгресмен Доналд Баер вели дека – „Русија влијаела врз гласањето во САД, за Брекзит и настојувала да се меша во изборите во Холандија и Франција. Сега длабоко е инволвирана во Македонија, на која треба да и нудиме помош за кибернетска заштита“.

Руски служби планирале граѓанска војна во нашата држава, која подоцна би се претворила и во меѓуетничка, со цел на распад на државата. Тоа поради нивни најмалку три цели. Првата цел би била воспоставување на контрола и влијание врз целиот Балкан кој Европа ја поврзува со Азија, со Блискиот исток и Африка. Со промените на режимите во Црна Гора и Македонија и со притисок со помош на Додиќ врз БиХ, видно би ослабела јужно-европското крило на НАТО. Втората цел е создавањето домино-ефектот после промена на балканските граници, со што Русија би добила можност да ја легитимира анексијата на Крим. Третата цел, би била создавањето огромен бран балкански бегалци кон ЕУ поради војната, со што таа ЕУ сериозно би се загрозила. Тука треба да се додаде и тенденцијата на одделни влади на сегашни држави членки на ЕУ (а од бивш источен блок), кои се стремат кон тоталитаризмот и кои во Русија гледат како на природен сојузник.

Но, тоа е едната страна од регионалните геополитички намери, а сосема друго е есапот на ханџијата. Тоа е западниот свет со НАТО алијансата кои ни по која цена нема тоа да го дозволат. Секому на Запад е јасно дека ако се дозволи распаѓањето на Црна Гора, Македонија и БиХ, светската војна е на самиот праг. Затоа САД по секоја цена ќе ја спречи руската намера за уништување на овие држави. Оттука, мора да сфатиме дека во оние што сега ги блокираат институциите на државата особено парламентот, не треба да гледаме како на деловнички хендикеп, туку како сериозна закана за државата и луѓето во неа, но и за мирот и безбедноста на целиот регион и пошироко. Логично дека таму кај што се нападнати институциите на државата, треба соодветно да се одговори. Има ли врска со демократијата тоа што за разрешување на еден наудрен обвинител да се дебатира со месеци, парализирајќи ги сите потребни реформи!? Демократија ли е тоа што една партија прави од сите граѓани будали формирајќи 10 пратенички групи за да спречи нормален развој, функционалност и одговорност!? Нема резон во име на правните норми да се гази по словото, духот и логиката на правото!? Правдата поцрвенува кога груевци се повикуваат на неа. Јустиција сака да се обеси кога Мукоски ја брани нејзината чесност. И ѓаволот бега од таквата правда!

Кој ја уништува државата?

Постојното водство на ВМРО-ДПМНЕ со помош на вакви пеколни кремлински сценарија гледа свој сигурен спас, но со сигурен распад на државата. Сеуште е свежо Куманово, бројните жртви и огромните урнатини за да помислиме дека ваквите ставови се претерани. Да не беа западњаците целата држва ќе гореше, ќе се убија десетина илјадници луѓе, безброј разорнувања и тероризирања, стотина илјади раселени, само за спас на кожата на тие што својот народ го соголија до гола кожа. Не смееме да дозволиме недолжни луѓе да гинат во ваков пекол само поради нивниот даночен рај. Нив никогаш не ги интересирале потребите на луѓето, подобрувањето на живеачката, меѓународните грантови, развојот, инфраструктурата, образованието, здравството, интеграциите. Нив ги интресираа дебелите милиони за чиј спас сега се спремни да ја прокоцкат државата. Ти биле „патриоти“ оти се против бугарското „предавство“, а во нивно време 130 илјади граѓани беа принудена да се прогласуваат за Бугари! Нивниот патриотизам веќе го исмејуваат дури и нивните најблиски роднини. Обвинуваат за симболично задолжување  (и тоа за враќање на нивниот долг), а самите до гуша ја задолжија државата (плус три и пол милјарди евра), кои завршија таму каде што започнува нивното расипништво. Обвинуваат за непотизам, а самите целата држава ја претворилја во фамилијарна сопственост. Ако гледате разумно на тоа што го правеле ќе го загубите разумот. Надевањето во народната амнезија им е болест од која никако не может да оздрават. Но, најтешката битка е таа со сопствениот морал, ако го имате.

Дури и Србија кон запад?

Српскиот врв се движи по линијата на државните национални интереси. како што вели еден француски аналитичар – Србите флертуваат со Русите, а спијат со Американците. Србија ги засилува односите со НАТО со која имаат партнерство за мир. Врховниот командант на вооружените сили на НАТО во Европа Куртиса Скапароти изрази задоволсто за соработката меѓу НАТО и Србија. Тие одржуваат редовни воени вежби. Изминативе години Србите одржаа дури 44 вежби со Алијансата, а само шест со Русија. Последниве две години Србија од НАТО има добиени оклу 13 милиона евра, а од Русија само 52 илјади евра. Таа разменува и безбедносни информации со НАТО. Кампањата во Србија освен „Атлантскиот совет“ ја води и лобистичката одрганизација „East-West bridge“. Иако сеуште има приказни за „Тројанскиот коњ“ ама не е јасни чии? Сегашното српско водство со дилемата срцето или џебот, се определи за второто.

На крајот треба да кажеме дека е тешко да се најде толкава количина нормалност за да се исправи толкава количина ненормалност. Залудно е да се расправаме со тој што не признава дека има погрешено. Но, тука самите можеме да извлечеме поука. А тоа е никогаш да не станеме како нив! Тоа час поскоро треба да го сфати и поширокото членство на ВМРО.

Сподели: