Вести Македонија Ударни вести

Колку имот имаат и што поседуваат новоизбраните пратеници

Сподели:

Колкав имот поседуваат, хартии од вредност и побарувања и долгови ова е само мал дел од обврската која новоизбраните пратеници треба да ја достават до Државната комисија за актикорупција.

Според Законот за Собрание, пратеникот е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.

Податоците од анкетните листови на пратениците, според Законот, претставуваат информации од јавен карактер освен податоците заштитени со закон и се објавуваат согласно со закон.

Сподели: