Здравје Магазин

Конзумирајте ѓумбир за јакнење на имунитет

Во сезона на вируси и грип, зголемено загадување на воздухот и намалена физичка активност организмот се соочува со пад на имунитетот.

Но, постои начин како да го подигнете вашиот имунитет и да станете поотпорни на настинките кои ве демнеат, без употреба на лекарства.

Станува збор за напиток кој се прави од ѓумбир, цимет и мед.

Ѓумбирот го подобрува варењето на храната, а може да ве заштити и од бактериите. Има способност да ја намали болката која ја чувствувате, додека циметот во комбинација со мед има моќ да ви го зајакне имунитетот, а помага и против суво грло и кашлица.

Подготовка:
Земете поголемо парче ѓумбир, измијте го и исечете го на мали парчиња.
Ставете ги парчињата во поголем сад и додадете му 2 стапчиња цимет, 2 ѕвездички анасон и 4 чаши вода. Откако течноста ќе зоврие тргнете ја од огнот и оставете ја покриена 10 минути.

Додадете 2 супени лажици мед, 2 лажици јаболков оцет и сок од еден лимон и вашата напивка е подготвена.

Сподели: