Вести Свет Топ теми

Кресида Дик – прва жена на чело на “Скотланд јард”

Сподели:

Британската влада соопшти дека 56-годишната Кресида Дик ќе биде следниот комесар на Лондонската полиција. Таа ќе биде првата жена на чело на “Скотланд јард”, во неговата 188-годишната историја, соопштија светските агенции.

Дик, која била заменик-комесар на Скотланд јард, а од 2015 година работи за „Форин офис“, ќе ја преземе новата функција следната недела на местото на Бернард Хоган-Хау. Под нејзино раководство ќе бидат 43 илјади полицајци и друг персонал.

Министерот за внатрешни работи г-ѓа Амбер Руд изјави дека Дик „има јасна визија за иднината на полицијата на метрополата и разбирање за разновидноста на заедниците на кои им служи“.

Кресида Дик предводеше операцијата за безбедност на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година и се стекна со почитта на многумина високи офицери во Скотланд јард. Но таа понесе критики поради командата на операцијата по бомбашките напади во Лондон во 2005 година, кога невин млад Бразилец беше застрелан со седум куршуми по грешка од полицајци, за кој сметале дека е бомбаш-самоубиец.

Сподели: