Кривичниот суд денеска повторно ќе одлучува за притворот на Кочан

Сподели

Судија на претходна постапка денеска повторно ќе решава дали ќе му одреди притвор на бизнисменот Сеад Кочан, откако Врховниот суд пред неколку дена ги укина решенијата за притвор на Кривичните совети на Кривичниот и на Апелацискиот суд. Судијката ќе треба повторно да ги разгледа доказите што ги има СЈО и да донесе одлука.

Бизнисменот, Сеад Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.