ЛЕТНО ИСКАЧУВАЊЕ НА ТИТОВ ВРВ

Сподели

T.VRV

ДПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ ќе се приклучи на летното искачување на Титов Врв на 21 Август 2016год. организирано од страна на ПК Тетекс и ПК Јелак од Тетово.

Титов Врв уште познат како Голем Турчин или Шар е највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок врв во Македонија со височина од 2.747 метри.
Летното искачување на Титов Врв (2.747м.) ќе се одвива по Вакуфска патека или летна патека.

Искачувањето започнува од Попова Шапка.
Поаѓање во 06:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица) Скопје, цена 400ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Цујо во Ѓ.Петров/

Враќање во Скопје предвидено во 16 -17 ч.

Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување согласно временските услови.
Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Акцијата ќе се оджи доколку има најмалку 10 пријавени учесници.

Напомена: Оваа акција не е за почетници и спаѓа во категорија Средно тешка. Доколку има заинтересирани почетници планинари истите може да ја поминат патеката Вргањ која започнува од планинарскиот дом Смрека и има движење во еден правец 2 часа.

Пријавување и уплати најдоцна до 19.08.2016 на
070/641 998 Зоран Костадинов