Вести Македонија Ударни вести

„Македонија блокира” на Мукоски му врачија протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени

 

Група поддржувачи на движењето „Македонија блокира” вчера во Вевчани одржаа протест пред општината и пред домот на пратеникот Крсто Мукоски. Тие му врачија протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени и од него побараа да ја промени својата одлука при повторното гласање во собранието кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени.

-“Ако сакате да разговараме влезете внатре. Како добар човек и домаќин ќе ве примам дома. Кажете им на луѓето да се повлечат. Контраефект правите. Влезете да поразговараме како што треба. Штом сте ми дошле дома, коректно е да ве поканам внатре, да пиеме кафе, ракија, да помуабетиме и со здравје да одите” – им се обрати Мукоски.

Во Вевчани и пред домот на Мукоски имаше засилено полициско обезбедување.

Демонстрантите организирани од партијата „Единствена Македонија“, како дел од кампањата „Македонија блокира“ за во сабота најавија протести и пред домовите на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои исто така дадоа поддршка за потребата од уставни измени.

Сподели: