„Македонска традиционална медицина“ на Драган Јованов во Струмица

Сподели

Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов ќе биде промовирана на 15 декември (сабота) во 12 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.

Книгата содржи 129 лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со коишто се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.

„Македонска традиционална медицина“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, премиерно беше претставена во јули оваа година, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Во тек е промоција на книгата низ Македонија.

На промоцијата во Струмица посетителите ќе можат да ги дегустираат и чаевите брендирани од Драган Јованов.