Алтернатива Вести Изјави Статуси Ударни вести

Макрадули: Не ми е пријатно кога ми посакувате канцер за мене и моето семејство

По мое длабоко убедување проблемот со загадениот воздух е најголемиот предизвик на општеството после интеграцијата во НАТО и ЕУ. И откако со исклучителен ангажман на владата, а пред се со напорите на Премиерот Заев се заокружи тој процес, на ред (иако не треба ова да биде дел од некоја листа, туку приоритет број еден) доаѓа борбата за намалување на аерозагадувањето. Затоа владата немаше дилема и одлучи:
– за прв пат дефинира посебна владина програма;
– за прв пат одвои средства;
Јас знам дека не постои влада што сама го решила овој проблем, но знам дека одговорноста е на владата и ние што повеќе сме инволвирани;
– Ама знам дека многу граѓански организации и деловни субјекти можат да помогнат;
– Но знам и дека планот за чист воздух е кредибилно, базирано на наука решение;
– и знам дека ќе донесе резулатат; 
– знам дека на поединци, особено засегнати од бизнис интереси им смета, ама знам дека јас ќе истрајам на овој план, затоа што тоа е решението кое носи добро за сите;

На тој пат, знам ни треба и транспарентност и инклузивност, ама знам и дека ни треба кредибилност и да се обидеме да ги изгбегнеме дезинформациите; само така ќе успееме сите заедно;
Знам на пример дека во Прилеп нема мерна станица на Министерството за животна средина. Не ми е пријатно кога ми посакувате канцер за мене и моето семејство ама знам тоа е кога сте јавен функционер и мора да трпите се, ама не можам да разберам интелектуалци, особено новинари кога споделуваат фатаморгански податоци базирани на аматеризам од Али експрес. Јас можеби ќе се разболам, ама тоа не им дава за право на никој да креира хистерија во јавноста. Да, во Македонија има загадување и тоа големо, ама лажните вести не помагаат, туку масовна акција за:
– забрана на јагленот како извор за затоплување;
– замена на нееколошките греења со еколошки;
– еко налепниците за возила;
– забрана за палења на стрништа;
– повеќе зеленило насекаде, особено во градинките и школите;
– повеќе зелени ѕидови и кровови;
– регулирање на отпадот;
– да го одблокираме градот од зградурини;
– повеќе да приклучиме на централно греење;

Да нема дилеми, моја е одговорноста, не барам алиби. Ама и знам дека повеќе граѓани и граѓански организации се приклучија на планот отколку што посакаа канцер. Време е да се реши загадувањето. Затоа, Ве замолувам за масовна мобилизација и заедничка борба за спроведување на #ПланЗаЧистВоздух

ФБ статус, Јани Макрадули

Сподели: