Макрон најави вонредна економска состојба

Сподели

 

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа одржа говор до нацијата три недели од почетокот на движењето познато како „Жолти елеци“, ветувајќи даночни олеснувања за вработените и пензионерите. Тој притоа призна дека сноси одредена одговорност за незадоволството на граѓаните.

Во говорот тој повика на смиреност по протестите кои почнаа поради најавеното зголемување на данокот за гориво од кој потоа владата привремено се откажа. „Ова е историски момент за нашата земја. Не можеме да продолжиме нормално да живееме по овие настани“, рече Макрон кој прогласи економска и социјална вонредна состојба.

РСЕ