Марин Ле Пен – Нема да се покријам со марама!

Сподели

Марин Ле Пен, кандидатка за претседател на француската крајна десница го откажала состанокот со либанскиот голем муфтија затоа што не сакала да стави марама на главата за време на нејзината средба.

„Можете да му пренесете на големиот муфтија дека го почитувам, но јас нема да ја покријам главата со марама“, им рекла Ле Пен која што деновиве е во посета на Либан на насобраните новинари.

Од канцеларијата на големиот либански муфтија било соопштено дека советниците на Марин Ле Пен претходно биле известени дека таа ќе треба да носи марама преку главата за време на состанокот.

Сепак, Марин Ле Пен одлучи воопшто да не се појави на состанокот, а ќе беше навистина чудно да го стореше тоа, со оглед на тоа што дека во последниве неколку години е најактивен противник на носењето на бурка во Франција и голем противник на политиката на отворени врати кон бегалците.

Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека Ле Пен веројатно ќе добие најголем број на гласови во првиот круг од претседателските избори кои што ќе се одржат оваа година во Франција, но сепак ќе загуби во одлучувачкиот круг.