„Марш за мир”: Муслиманите го осудуваат тероризмот и насилството

Сподели

Група на муслимани организира „марш за мир” во градот Келн, преку која го осудуваат тероризмот и насилството, јавува Anadolu Agency (AA).

Повеќе од илјада муслимани прво се собраа на плоштадот Хеумаркт во Келн, каде што преку различни транспаренти и пароли порачаа дека ги осудуваат сите форми на тероризам и насилство, каде и да се случуваат во светот.

Една од организаторките на маршот, Ламја Кадор истакна дека поголемиот дел од муслиманите, кои се дел од Западните општества, одбиваат тероризам и насилство, и дека е должност на сите муслимани да го искажат своето противење на тероризмот.

„Како и да се викаат, ние ја осудуваме било која организација која претставува за муслиманска а е вмешана во тероризам и насилство. Тероризмот нема ни вера ни раса”, изјави Kaдор.

По обраќањата демонстрантите се упатија кон центарот на градот, а во текот на маршот за мир беа превземени високи безбедносни мерки.