Вести Македонија Ударни вести

Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста на злосторства врз новинари

Сподели:

 

По повод денешниот меѓународен ден за борба против неказнивоста на злосторствата против новинарите, Могерини во соопштение истакна дека сите земји, без разлика дали се во ЕУ или надвор од неа, се должни да ги заштитат слободата на изразување и сигурноста на новинарите.

„Од сите очекуваме да ги засилат превентивните мерки, да се мобилизираат сите засегнати страни и да се создадат механизми за националната безбедност, во согласност со акциониот план на ОН за безбедноста на новинарите. Слободниот печат е камен-темелник на слободните општества и оти поткопувањете на тоа значи поткопување на слободата“, се вели во соопштението.

УНЕСКО го прогласи 2. ноември за Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста на злосторства врз новинари во спомен на француските новинари Клод Верлон и Жислен Дупон, кои беа убиени на 2 ноември 2013 година во Мали.

По тој повод, синоќа Ајфеловата кула осамна во мрак. Група новинари на организацијата Репортери без граници носејќи фотографии на исчезнати или убиени новинари, апелираа на поголема заштита и безбедност за седмата сила.

Сподели: