Вести Македонија Ударни вести

Мијатовиќ: На Балканот не се откажуваат од контрола врз медиумите

Сподели:

Медиумската ситуација на Балканот секој ден се повеќе се влошува, оценува Дуња Мијатовиќ, доскорешната претставничка на ОБСЕ за слободата на медиумите.

Таа во изјава за Радио Слободна Европа вели дека тоа е „ефект од војните и општествата во транзиција“.
– Сепак, зад се стои неподготвеноста на политичарите и оние кои имаат моќ да се откажат од контрола и влијание во медиумите, изјави таа.

– За жал сите тврдат дека се демократи. Но, во пракса се однесуваат како во држави во кои нема медиумски плурализам, изјави Мијатовиќ.

Таа додава дека не се новинарите тие кои не се виновни и дека не носат одговорност, бидејќи им недостига солидарност и професионализам.
– Има и проблеми од економска природа, односно недостиг од пари. Многу мал маркетиншки колач што може да се подели меѓу голем број медиуми. Недостига и едукација, оценува Мијатовиќ.

На глобален план според неа, медиумската ситуација е многу проблематична.
– Не се проблем само лажните вести, туку и настојување медиумите да бидат под контрола многу повеќе отколку претходно, рече Мијатовиќ.

Сподели: