Мицкоски ги следи неговите шефови – нема да ја блокира иднината, Македонија оди кон ЕУ и НАТО

Сподели

Мицкоски денеска потврди дека стои позади анти НАТО и анти ЕУ протестите на кои се повикува на насилство, се шири говор на омраза и се дејствува деструктивно. Мицкоски стои рамо до рамо со антизападните пиони Бачев и Петровски.

Но, тој знае и самиот, исто како што знаат и сите граѓани – антизападната агенда во Македонија не поминува. Македонија расчисти со изолацијата, омразата и Груевизмот. И граѓаните и пратениците се уверени дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од Преспа.

Мицкоски нема да ја блокира иднината во ЕУ и НАТО, нема да успее да го спречи напредокот на Македонија.

Граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и сеење омраза. Граѓаните да бидат спокојни и горди, Македонија оди напред, во НАТО и ЕУ, Македонија станува глобална и напредна земја!