Вести Македонија Ударни вести

МНР: Предупредување за граѓаните на РМ во врска со најавените протести во Грција

Сподели:

Се информираат граѓаните на Република Македонија кои денеска, ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, најавува протести во четиринаесет  градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“, што ќе се одржат истиот ден (среда, 6 јуни) , со почеток во 19.30 часот.

Поради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија да ги избегнуваат местата на нивно одржување, како и од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност.

Сподели: