Вести

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Британија на „негативен“

Сподели:

brexit-1462470589PAa-860x680

Агенцијата за процена на кредитниот рејтинг „Мудис“ ги намали изгледите за британскиот рејтинг од „стaбилен“ на „негативен“, јавува „Би-би-си“.

Од „Мудис“ предупредуваат дека Велика Британија ќе има послаб економски раст по рефендумот на кој граѓаните гласаа за излегување од Европската Унија (ЕУ) и оти ќе следува подолг период на економска нестабилност.

Според агенцијата, резултатите од референдумот ќе имаат „негативни импликации на среднорочните проекции за раст“.

„Негативните последици од нискиот екононски раст ќе ги надминат фискалните заштеди на Британија, која веќе не мора да допринесува во буџетот на ЕУ“, соопштиле од „Мудис“.

Како што наведува „Би-би-си“, Велика Британија има еден од највисоките буџетски дефицити меѓу развиените земји.

Со 52 наспроти 48 отсто гласови, британците во четвртокот на референдум го поддржаа излегувањето од ЕУ, а премиерот Дејвид Камерон најави дека ќе се повлече од функцијата до октомври, оваа година.

http://meta.mk/mudis-go-namali-kreditniot-rejting-na-britanija-na-negativen/

Сподели: