Алтернатива Настани

Музеј на град Скопје: Изложба на стари оригинални фотографии за животот на скопјани

Сподели:

Моменти од животот на скопјани преку оригинални фотографии од збирката на Музеј на Град Скопје ќе бидат прикажани на изложбата „За спомен и долго сеќавање“. Автори се Славица Христова, Татјана Ѓорѓиовска и Оливера Џартовска-Тачевска.

– Изложбата сведочи за минатото и ги обновува сеќавањата. Најголемиот број на прикажани фотографии се од периодот помеѓу двете светски војни 1918-1941 година, а мал дел фотографии се од периодот по војната. Изложбата го позајми својот наслов по единствената порака која ја имаат голем дел од фотографиите „за спомен и долго сеќавање“. Таа е најсуштествената интимна порака на секоја фотографија. Спомените се содружници на паметењето и често ги прелистуваме во мислите – соопшти Музеј на Град Скопје каде што вечер во 19 часот изложбата ќе биде отворена.

Збирката на Музејот на град Скопје содржи над 300 оригинални фотографии кои се собирани преку подарување или со откуп од приватни лица и колекционери. Изработени се во професионални фотографски ателјеа од Скопје, а дел од приватни фотоаматери. Некои од изложените фотографии се со нивната оригинална рамка, која ја следела тековната мода на опремување на фотографскиот производ

Сподели: