МВР бара притвор за организаторите на протестите, испратетно е писмо до ОЈО

Сподели

МВР испратило писмо до ОЈО со кое го повикува што побргу да ги повикаат на сослушување и да им одредат мерки за обезбедување на организаторите на протестите. Алсат-М од свои извори дознава дека станува збор за четири лица, со иницијали Б.Д,  Б.И, Д.Х и И.Д. Тие, според нашите извори се фото-документирани од службите на МВР. Од материјалите со кои располага полицијата, според нашите извори се потврдува дека тие лица диригираат со протестите во текот на насилството во Собрание. Овие материјали се испратени со ургентно писмо во ОЈО. Останува се уште нејасна улогата на Јавното обвинителство кон организаторите и евентуална квалификација на делото. Во меѓувреме, полицијата продолжува да ги истражува собраните снимки од сите телевизии и камерите во просториите на Собранието, и работи интензивно за расчистување на драматичните настани во Собранието. Полицијата исто така се ангажира интензивно за откривање на лицата со маски меѓу кои се претпоставува дека има и претставници на полицијата. МВР ги презема сите мерки за истрага и донесување  на истите пред лицето на правдата, јавува Алсат М.