Вести Македонија Ударни вести

На рочиштето „Титаник 2“ се чека Мијалков – сите други обвинети се веќе присутни во судот

Сподели:

Рочиштето за „Титаник 2“ е одложено за половина час подоцна, поради неспроведувањето на Сашо Мијалков до судот.

Сите други обвинети за „Титаник 2“ се веќе присутни во судот.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судијата да се јави во затворот и да праша дали Мијалков ќе биде спроведен, реагирајќи дека во иста ситуација обвинетиот Миле Јанакиески навреме бил спроведен од затворот.

Сподели: