Алтернатива Скопје Чита

“НЕДЕЛА” – Јосип КОЦЕВ

Секојпат е недела кога одиш.
Светот е веќе создаден,
нештата немаат име.
Родени слепи, 
никогаш не ја запознаваме 
точната форма на луѓето.
Вистината е распадната на
милиони слоеви и гние во нас;
Прекажана од еден на друг,
станува мит, сказна, религија.
Ако те искажам тебе,
ќе те упростам,
ќе те унижам, 
ќе те уништам.
Заспиј на постелава од заборав, 
јас ќе го исправам последниот
тврдоглав набор сеќавање.
Дојде ли недела, оди.
Светот ќе е веќе создаден,
а нештата ќе немаат име.

Јосип Коцев, “НЕДЕЛА”

Сподели: