Хороскоп

Неделен хороскоп: 07.08 – 13.08.2017

Сподели:

Овен

Преокупирани сте со размислување за нови работни планови или за натрупаните обврски кои ве пратат. За жал, не можете да се пофалите со добра комуникација во кругот на службените партнери. Понекогаш мора да преземете соодветен работен ризик во согласност со дадената ситуација и предизвик. Потребно е да се определите за корисни цели, кои ќе ви овозможат подобри професионални услови. Често го анализирате својот љубовен живот и имате впечаток дека полека се „одалечувате“ од саканиот(ата). Не сакате некој да ги изневери вашите чувства или да донесете непромислена одлука за заедничкиот живот. Важно ви е повторно да ја почувствувате наклонетоста на партнерот и заедничката доверба. Потребно ви е ново и соодветно решение.

 

Бик

Способноста за добро забележување и одличната концентрација, ви помагаат да ги остварите своите работни цели. Важно е да поттикнете креативност во идеите, ве очекува заедничка добивка и можност за обновување на некои службени договори. Во зависност од личниот интерес или мотивација, избирате варијанта која носи најдобри резултати. Во љубовниот живот потребен ви е „мал поттик“, за да почувствувате голем емотивен занес или страст и инспирација во близина на саканиот(ата). За среќа, партнерот умее да ги исполни вашите очекувања. Доколку сте слободни, одговорете на нечија порака или додворување. Ве очекува ново емотивно задоволство и пријатно искуство во ново друштво.

 

 

Близнаци

Важно ви е да остварите нови или корисни цели на различни страни. Важно ви е да обновите некои работни контакти и да се приклучите кон тим на соработници за кој ве врзуваат слични професионални интереси и визии. Определете се за варијанта која овозможува напредување на работното скалило на различни нивоа и бидете внимателни со вложувањето на пари. Ви импонира нечие внимание и комплименти, новите средби на вас делуваат многу поттикнувачки. Доживувате нова емотивна блискост во односот со саканиот(ата). Понекогаш и „малите работи“ имаат „голем жар“, ако правилно ги вреднувате. Спонтаноста во изразување на чувствата делува позитивно на вашиот љубовен однос.

 

 

Рак

Делувате претенциозно и имате впечаток дека се наоѓате пред остварување на важни работни цели. Поради лошите работно-финансиски проценки, ве очекува привремена фаза на стагнација и некои дополнителни обврски. Сепак, се е можно да се корегира во согласност со личната мотивација и зададените услови. Побарајте нечија интеревенција при решавањето на работните, материјалните или имотните дилеми. Во приватниот живот често на многу субјективен начин го проценувате однесувањето на партнерот, нема причина да одбивате нечие охрабрување и присуство. Понекогаш се наоѓате во „емотивен полет“ или во свој чудесен свет на фантазии. Важно е да верувате во себе или во работите кои ве исполнуваат со љубовен занес и дополнителна инспирација.

 

 

Лав

Важно ви е да остварите нови работни контакти и важни цели во преговорите. Потребно е да оставите добар впечаток на средбата со соработниците. Од вашето излагање и дипломатски манири зависат конечните резултати. Важно е правилно да ги дефинирате заедничките интереси и да ги истакнете своите професионални способности. Се се сведува на добрата работна проценка и на успешното планирање. Делувате задоволно, покрај вас се наоѓа личност која искрено се гриже за вашите емотивни потреби. Емотивната инспирација е несицрпна, ако постои заеднички флуид и добра волја. Не дозволувајте некој од страна да го нарушува вашиот интимен свет и лична среќа. Доколку сте слободни, ќе ви одговара нова љубовна романса.

 

 

Девица

Во согласност со поставените приоритети имате своја визија и не сакате да прифатите компромисна варијанта, и на таков начин ја отежнувате својата работна или општествена положба. Имате прифатено премногу обврски кои почнуваат да ве замараат. Доколку ви е важно да го сочувате добриот работен рејтинг, здружете ги своите интереси со сигурни соработници и прифатете нечие влијание. Во љубовниот живот посакувате повеќе искреност и нежност, но имате впечаток дека некој ве залажува со големи ветувања или погрешна приказна. Искуството ве опоменува да направите емотивна дистанца во однос на некои сомнителни ситуации. Потпрете се на својата интуиција, доброто чувство нема да ве изневери.

 

Вага

Имате направено добра работна проценка, потребно е да ја докажаете својата професионална умешност во остварувањето на некои практични цели од заеднички интерес. Некој се обидува да ви го сврти вниманието во погрешен правец, не дозволувајте да ве оптеретат различни коментари. Сепак, заострената работна клима делува многу поттикнувачки во одлучувачки ситуации. Упорно се обидувате да се наметнете како авторитетна личност, пред личност која добро ги познава вашите доблести или „слабости“. Делувате таинствено и важнови е да влезете во нечија љубовна трага. Не можете лесно да го протолкувате однесувањето на партнерот и не сакате да ризикувате во емотивниот однос. Потпрете се на своите чувства.

 

Шкорпија

Се обидувате да заобиколите некои воспоставени правила или процедури во службените односи, но проблемите со кои се соочувате бараат дополнителен напор и добра концентрација. Нема потреба да ги преценувате своите професионални можности пред опкружувањето. Препуштете на соработниците да одлучуваат за заедничките интереси, посебно во ситуации кои го надминуваат вашето знаење или практично искуство. Доколку ви е важно да воспоставите хармоничен однос со саканиот(ата), понекогаш мора да употребите и „зрно мудрост“ или некои „скриени адути“. Добрата љубовна стратегија подразбира подготвеност да се надминат различни ограничувања. Љубовните грешки се опростуваат, ако постојат искрени чувства и взаемна наклонетост.

 

Стрелец

Важно ви е да придобиете нечија доверба или поширока наклонетост во службените кругови, поради тоа делувате многу промислено и внимателно. Информациите со кои располагате не претставуваат гаранција за успех, но вие имате добар интуитивен сигнал кој ве наведува на правилно решение. Јасно ви е дека работните правила или околности брзо се менуваат, мудро очекувате подобра можност и своја шанса. Имате впечаток дека некој ве „контролира“ или емотивно проверува, што дополнително влијае на вашето расположение. Посакувате поголема емотивна слобода или шанса да ги остварите своите намери, но моменталните случувања не се движат во саканиот правец. Не можете лесно да промените нечија одлука или да влијаете на однесувањето на партнерот.

 

Јарец

Се наоѓате во одлична психо-физичка форма, вашите соработници очекуваат да делувате многу успешно или над просечните мерила. Ви импонира сознанието дека околината има доволно доверба во вашите професионални способности. Добрата работната стратегија и прецизните потези претставуваат гаранција за долгорочен успех. Сепак, постојат ситуации кои не зависат од вашата волја. Посакувате нов емотивен полет во различни ситуации и не се откажувате од своите планови. Доколку сте романтично расположени, тоа претставува добар љубовен предзнак. Разубавете го својот љубовен и интимен живот, така што ќе делувате доволно занесно  и привлечно на саканиот(ата) во согласност со инспирацијата или заедничките потреби.

 

Водолија

Делувате многу амбициозно и со барања, така што на сите им станува јасно дека не сакате некој да ве вознемирува или да ги успорува вашите работни планови. Вложувате голема енергија во различни цели и не дозволувате некој да го критикува вашиот начин на работа. Наместо да фаворизирате натпреварувачки однос со соработниците, прилагодете го својот стил на однесување и не влегувајте во финансиски или имотен ризик. Неопходна ви е семејна хармонија и нечие присуство, како би оствариле подобра психолошка рамнотежа и дополнителен прилив на креативна енергија. Саканата личност умее лесно да ве поттикне на позитивна реакција или на силни изливи на емоции и на взаемна размена на страсти. Важно ви е да импресионирате една личност на необичен начин, вешто смислувате нова љубовна тактика.

 

Риби

Делувате многу амбициозно и сакате да остварите низа работни цели на различни нивоа. Доволно сте претприемчиви, така што соработниците имаат доверба во вашите професионални способности. Снаодливоста со финансиските трансакции ветува добар профит или некој вид на материјална добивка. Заинтересирани сте за нова работна понуда која подразбира проширена соработка. „Тајната“ на личниот успех и интимна среќа, произлегува од хармоничниот однос со саканиот(ата). Доколку сте слободни, ве очекува „средба на изненадување“ или нечија покана. Со својата појава умеете да свртете внимание и да внесете позитивен немир во опкружувањето. Употребете го својот шарм во согласност со емотивната шанса и инспирација.

Сподели: