Неделен хороскоп: 10.07 – 16.07.2017

Сподели

 

Овен

Комплетната ситуација на работната сцена треба да ја проценувате од различни аспекти, пред да донесете заклучок и конечна одлука за идните потези. Делувате многу поттикнувачки на својата околина, но кај вашите соработници постојат значајни разлики во степенот на мотивација и интересирање. Нема потреба да потценувате нечија улога при работно-финансиското посредување. Во љубовниот живот посакувате некои нови и весели случувања. Смислено го избирате вистинскиот момент, да ги остварите своите намери или на саканиот(ата) да му(и) соопштите важни планови. Меѓутоа, понекогаш е тешко да се предвиди сплет од нови случувања. Ви импонира сознанието дека оставате забележителен впечаток на своја околина.

 

 

Бик

Вложувате голем напор да остварите позитивни резултати во професионалното изразување, но постојат ситуации кои ги нарушуваат вашите планови и работна концентрација. Во достоинствен стил и без непотребни прашања прифатете критика која ви ја упатуваат блиски соработници. Потребно е да се растеретите  од дополнителните обврски, немате доволно енергија да се ангажирате на повеќе страни. Склони сте кон чести промени на своето емотивно расположение, посебно во ситуациите кога партнерот делува отсутно или незаинтересирано за вашите идеи. Сепак, нема причина да губите надеж или премногу да се оддалечувате од саканиот(ата). Сакате да воспоставите подобра контрола над новите случувања во љубовниот однос.

 

Близнаци

Делувате енергично на средбата со соработниците и поставувате нови барања, со кои сакате да го унапредите своето професионално искуство и заедничкиот успех. Не дозволувате можност за неочекувани промени во службените преговори. Сепак, со претераното истакнување на личните барања побудувате различни коментари меѓу соработниците. Потребно е да имате „широки погледи“ во секој поглед. Саканиот(ата) се обидува да влијае на вашите ставови, но тоа предизвикува дополнителен отпор од ваша страна. Љубовните расправии прифатете ги како минлива фаза, се се сведува на нов поттик или на добар импулс кој води кон емотивни зближување. Потпрете се на своите „скриени адути“ и на заводничкиот шарм кој го поседувате.

 

 

Рак

Делувате многу амбициозно и се обидувате да го процените завршниот исход во сите значајни случувања на работната сцена. На соработниците им е важно да го слушнат вашето мислење, но употребете ги своите професионални манири и дискреција, бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да се расправа. Важно е да се определите за современа варијанта кој овозможува напредување на работното скалило. Потрудете се да сочувате добар однос и доверба. Се што има „љубовен предзнак“ го привлекува вашето внимание и големо интересирање. Дозволувате нова блискост во односот со саканиот(ата), така што на основа на вашата емотивна состојба значајно се менува и вашиот поглед на свет. Понекогаш тие „мали работи“ имаат голем шарм, ако правилно ги вреднувате и разменувате со блиска личност.

 

Лав

Постојат неочекувани проблеми кои го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но со дополнителна упорност може да ги остварите своите работни планови. Потребно е да пронајдете заобиколни решенија и да одржите добро ниво на соработка. Не дозволувајте некој да ве залажува со погрешни информации, важно е да избегнувате брзоплетост и импулсивни реакции. Во односот со саканиот(ата) честите промени во расположението создаваат дополнителна нервоза и емотивна несигурност. Немате доволно разбирање за нечиј „пропусти“ или за нови изговори. Понекогаш делувате премногу строго во своите очекувања, потребно е да ги усогласите своите разновидни интересирања и можности во емотивниот живот.

 

Девица

Понекогаш различните промени и новите услови делуваат како дополнителна мотивација во работата со која се занимавате, важно е правилно да се организирате и да ги испочитувате зададените рокови. Контактирајте соработници кои имаат сигурни информации за новите случувања на работната сцена, пожелно е да го проширите своето сознание од различни области. Нема потреба да донесувате импулсивни одлуки. Важно ви е да го заштитите своето семејство и блиска личност од различни проблеми кои доаѓаат од надворешниот свет. Партнерот делува позитивно на вашето расположение, сега мора работите да ги гледате со различни очи и со повеќе оптимизам. Во нечија близина чувствувате добро расположение или емотивен занес, нов прилив на позитивна енергија се одразува на вашето изразување, изглед и стил на однесување.

 

 

Вага

Идеите на кои инсистирате имаат добро покритие, поради тоа никој од соработниците не се сомнева во вашите практични способности или во успешните финансиски резултати. Потрудете се успешно да ги спроведете своите идеи и планови на дело. Важно е дека покрај себе имате личност од доверба или тим на проверени соработници, за кои ве врзуваат заеднички работни интереси. Осмислете добар редослед на потези. Во љубовниот однос залудно не се обидувајте да го промените однесувањето на партнерот или да го менувате текот на работите кои не зависат од вашата волја. Личноста која ве опсипува со емотивно внимание умее да ве инспирира и наведе на активна улога во заедничкиот однос. Нема причина да ги потиснувате своите чувства и љубовни желби кога чувствувате „емотивни бранови“.

 

Шкорпија

Се наоѓате во фаза на креативен подем и важно ви е да ја унапредите својата работна положба. Поради променливите околности делува дека имате големи амбиции или нескромни очекувања. Забележителен успех е невозможно да се оствари без детални анализи, добри подготовки и прецизни информации кои ве доведуваат во привелигирана положба. Важно е да ги испочитувате основните начела на успешното работење. Искрените чувства и најубавиот дел од својата личност, ги „должите“ на блиска личност или на оние на кои припаѓате Вашата интимна среќа произлегува од хармоничниот однос со блиска личност. Осмислете нови манири во своето однесување, со кои можете да оставите впечаток на саканиот(ата) или да освоите нечија емотивна наклонетост.

 

Стрелец

Очекувате некој да ги прифати вашите идеи и ви пречи чувството на нерамноправност во односот со соработниците. Потребни ви се разновидни дипломатски манири и компромисни варијанти, како успешна формула  која донесува корисно и долгорочно решение. Во зависност од личното интересирање или мотивација, осмислете варијанта која донесува најдобри резултати. Во љубовниот однос уживате во различни ситуации. Доволен ви е мал поттик, да би почувствувале голем занес, среќа или инспирација во близина на саканиот(ата). Доколку сте слободни, одговорете на нечија порака или додворување. Ве очекува задоволство во ново друштво. Се е можно, кога вашите чувства и мисли се преклопуваат.

 

Јарец

Делувате загрижено поради нови информации на работната сцена, но тоа е минлива фаза. Големата доза на психолошко оптоварување забележлива и кај вашите соработници. Потребно е да ја оправдате својата улога без натпреварувачки аспирации и потреба за експонирање. Важно е да се раководите согласно долгорочните цели на работната скала. Мудро премолчувате одредени случувања или интригантни теми, кои имаат лошо влијание на вашиот однос со саканиот(ата). Доколку ви недостасува мирен сон, немој да се умислувате дека доброто решение ќе дојде изненадно или само по себе. Бидете доволно промислени, потрудете се да оставите впечаток или однапред да предвидете нечија емотивна реакција.

 

Водолија

Од вас се очекува да прифатите нов работен предизвик или да преземете важна улога во заедничкиот договор. Имате доволно енергија, но добро размислете за своите приоритети кои ќе ги поставите. Важно е да осмислите работна стратегија која ќе ви овозможи да се ангажирате на различни страни. Се`се сведува на добара работна проценка и успешното планирање. Чувствувате емотивен занес и не го криете своето воодушевување во друштво на саканиот(ата). Емотивната инспирација е неисцрпна, ако се наоѓате во вистинско друштво или со личност која ви поттикнува убави мисли и чудесна енергија. Чувствата ве наведуваат на благородни мисли и на значајни постапки. Доколку постои нова личност која го привлекува вашето внимание, биде за нијанса подискретни во своето однесување.

 

Риби

Нема причина да прифаќате работна понуда која делува предизвикувачки и ветува само моментален успех. Бидете доволно промислени при службените средби, бидејќи со желбата да пронајдете идеално решение непотребно се оптоварувате со различни детали. Од вашето залагање и дипломатски такт зависат конечните резултати. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности. Делувате задоволно во љубовниот живот, покрај вас се наоѓа личност која искрено се грижи за вашите емотивни желби или потреби. Доколку сте слободни, ве очекуваат различни покани за средби. Ќе ви одговара нечие интересирање и нова љубовна романса. Умеете да оставите впечаток или да блеснете во полн сјај на различни страни.