Вести Став

НЕМА ДА ПОМИНЕТЕ СО ИЗВИНУВАЊЕ! – Катарина СИНАДИНОВСКА

Сподели:

Изненадува дрскоста со којашто лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски почна да зборува дека ќе се извинувал за погрешните политики на неговата партија додека била на власт, изедначувајќи ја општествената катастрофа што ја наследивме со резултат на „нормални грешки на луѓе кои работат“, како да заборавил дека нивните „грешки“ сега се спакувани во една друга административна форма – се викаат кривични пријави. Сепак, она што повеќе изненадува е фактот што ова „извинување“ од него го бара и владејачката СДСМ…

„Нема да ја избегнеш одговорноста утре, иако си ја избегнал денеска“ – Абрахам Линколн

 

за “Капитал”, пишува Катарина Синадиновска

Неверојатна е дрскоста во обидот за апсолутна релативизација на политиките од ВМРО – ДПМНЕ во период од единаесет години, а срочена во изјавата на нивниот лидер Христијан Мицкоски, во којaшто тој вели дека е подготвен да се извини во име на партијата, на секого кому таа – партијата, му згрешила или му нанела неправда.

А она што во суштина најмногу загрижува е позиционираноста на власта во однос на овие веќе и јавно отворени процеси на таканареченото и најстрашно – вештачко помирување. Не треба човек многу да помни, доволно е да погледне на интернет и да најде дека само некоја недела пред оваа „подготвеност за извинување“, тоа истото му било побарано на Мицкоски токму од СДСМ. Преку партиско соопштение владејачката партија побарала Мицкоски да се извини за погрешните политики за време на владеењето на ДПМНЕ.

..

А тие најдобро од сите треба да знаат дека извинувањето воопшто не е тема, дека не е на дневен ред, дека пред да дојдеме во ситуација да читаме, а тие да пишуваат соопштенија во кои се бара извинување, луѓето од ВМРО – ДПМНЕ треба прво да бидат „извинети“ од законот и од судовите. Нивните „грешки“ сега се спакувани во една друга административна форма – се викаат кривични пријави. Дури потоа, кога ќе имаме една јасна слика за човечкиот и секаков потенцијал што преостанал во тоа здружение на граѓани, ќе може да бараме извинување.Оти дури тогаш ќе знаеме и од кого. Христијан Мицкоски досега не личи на лидерот којшто ова извинување може да го понесе на своите плеќи. Се има ли воопшто идеја за каква тежина станува збор!?

Македонија не може да поднесе повеќе извинувања во овој момент. Извинувањето е прашање на морал, на етика, на емоција, тоа е веќе во доменот на метафизиката, ако сакате. Секако е прашање кое е легитимно и секако дека еден ден ќе мора и него да го отвориме, тогаш кога ќе дојде на ред помирувањето, ама она вистинското, искреното, а не изнудено. Дотогаш, првенствено власта треба да се фокусира на тоа да биде задоволена егзактната наука преточена во правото и математиката на украденото. Се’ спротивно не е само губење време во процесот на македонското заздравување, туку е и активно негово пролонгирање. Добиваат оние кои ќе кажат „извини“, а губат како и обично – граѓаните… ако извинат!

Колумната во целост прочитајте ја тука

Сподели: