Вести Македонија Текстови

Ниту вистинските куршуми не можат да ја убијат „Шарената револуција“ !

Сподели:

rev

Не се плашиме! Ниту вистинските куршуми не можат да ја убијат идејата за „Шарена револуција“, порачаа демонстрантите обединети под граѓанската иницијатива „Протестирам“ кои денеска и покрај дождливото време излегоа на протест во Скопје.

Граѓаните кои месец и полoвина протестираат против одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и нивни соработици, потсетија зошто се на улица и повторно, фрлајќи балони со боја ја обоија зградата на Министерството за правда.

Пред Собранието се пуштаа дел од „бомбите“ што минатата година ги објави опозициската СДСМ, кои се однесуваа на изборните нерегуларности.

– Власта 10 години владее со примена на девизата ’раздели па владеј’. Не поделија Македонци со Македонци, Македонци со Албанци, патриоти и предавници. Ги слушнавме изјавите на Јелена Жугиќ за гумените куршуми и изјавите на новинарот Бобан Нонковиќ кој бара вистински куршуми за демонстрантите. Па не им се плашиме. И со вистински куршуми не можат да ја убијат идејата за „Шарена револуција“. Не има многу шарени, различни, но сите сме еднакви – рече еден од вечерашните говорници.

Денешниот протест традиционално почна пред зградата на Специјалното обвинителство и мирно заврши пред Собранието.

„Соборци, се гледаме во понеделик“, ги повикаа организаторите демонстрантите.

Извор: meta.mk

http://meta.mk/nitu-vistinskite-kurshumi-ne-mozhat-da-ja-ubijat-sharenata-revolutsija/

Сподели: