Ново рочиште за Грујевски – ќе се сослушуваат сведоци

Сподели

Денеска продолжува судењето на ексначалникот на петата управа, Горан Грујeвски. Грујeвски, обвинет за уништување на опремата за прислушување, два месеца е во бегство, и не се знае како ќе продолжи судењето.

Се очекува на денешното продолжение да бидат сослушувани сведоци. На почетокот на на судењето, обвинетите пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.

Од МВР се очекува да информираат дали бегалецот е лоциран.

Ако не се појави на судењето, тоа може да се одложи, или на барање на Специјалното јавно обвинителство, судијката да донесе решение за судење во отсуство. Горан Грујевски заедно со Никола Бошкоски, се главни обвинети обвинети за масовното нелегално прислушување од случаите „Тврдина 2“ и „Таргет“, а  еден ден откако Врховниот суд им го потврди притворот, нив им се губи секаква трага.