Новогодишни честитки – Прва детска амбасада во светот Меѓаши

Сподели

Со купувањето на честитките помагате во спроведувањето на активностите на една домашна граѓанска организација која зад себе има богата историја. Детската амбасада Меѓаши веќе 25 години е посветена на поддршка на најнемоќните – децата жртви на војни, деца кои се злоупотребувани, занемарени, оставени сами на себе… Помогнавме на илјадници деца, а сето тоа не ќе беше можно без поддршката од многубројни поединци, компании, институции…
Им се заблагодаруваме на сите досегашни и идни поддржувачи.
Честитките со мотив 3,6,9 и 10 се со димензии 20 x 10 cm преклопени или 20 x 20 cm отворени, а мотивите 1,2,4,5, 7 и 8 се со димензии 16,5 x 11,8 cm преклопени или 16,5 x 23,6 cm отворени. Овогодинешните честитки (м1,м2,м3,м4,м5) се со цена од 35,00 денари со вклучен плик, додека минатогодишните мотиви 6 и 7 се со  цена од 30,00 денари и мотивите 8, 9 и 10 се со цена од 25,00 денари со вклучен плик и се во ограничени количини.
Во цената на честитките не е вклучен ДДВ, бидејќи Првата детска амбасада не е даночен обврзник.

Внатрешното допечатување на честитките е можно доколку порачката е над 100 парчиња, цената на дополнителното печатење е 9,00 денари во црно-бело и 11,00 денари во боја. Доколку порачката е поголема од 200 парчиња за градот Скопје доставувањето го вршиме ние до Вашата адреса, без Ваш надомест.

Честитките можете да ги порачате на телефонскиот број и факс: 02/2465 – 316, по пошта на ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 22 а, 1000 Скопје, на електронска пошта: info@childrensembassy.org.mk или да дојдете во просториите на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.