Алтернатива Настани

Од вечерва јубилејно „На зајдисонце“ во Трпејца

Сподели:

9df7de21-14dd-45d3-a5f7-461afdde7788

Во туристичката населба Трпејца, на брегот на Охриодско Езеро, од денеска до 28 јули, годинава – по петти пат, ќе се одржи културно-забавното лето „На зајдисонце 2016“, во организација на Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“.

Покровител на манифестацијата и оваа година ќе биде Општина Охрид.

Манифестацијата ќе почне со изведбата на химната „На зајдисонце“, по што следува видеопрезентација во чест на петте години од постоењето и настап на КУД „Ѓердан“.

Трпејчанецот Никола Павлески ќе отвори изложба на фотографии, под наслов „Од моите патувања“, за што ќе зборува писателот и публицист Мишо Јузмески, додека анегдоти од Павлески ќе чита актерката Марија Кондовска.

Михајло Филев на присутните ќе им ја открие „Тајната на изработка на охридскиот бисер“, а ќе се одржи и атрактивната вечерна музичка променада „Со кајче по езерото“.

Милчо Јованоски ќе го промовира документарецот „Охрид, град галерија“.
За „Рибното богатство на Охридското Езеро“ ќе зборува д- р Трајче Талевски.

Во забавно-едукативниот дел и годинава ќе продолжат работилницата по англиски јазик со Габриела Неделкоска, школата за пливање под раководство на професор Соња Думбалова-Делова, како и школите за шах и за цртање со Борис Лушески и со Слободан Пупиноски. Крај езеро ќе биде организиран и натпревар во ловење риба.

Туристичката населба Трпејца има околу 300 жители, уште толку е потенцијалната бројка на сместени гости, а манифестацијата просечно ја проследуваат по околу 3.000 посетители.

meta.mk

Сподели: