Одложено Рочиштето за „Тврдина 2“- судот чека известување од МВР

Сподели

Денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“, се одложи бидејќи судот и СЈО го чекаат известувањето од Eдиницата за потраги на МВР во врска со достапноста на обвинетиот во случајот, Горан Грујовски, кој е во бегство и по кого е распишана потерница.

Известувањето е неопходно за да може СЈО да побара на Грујовски да му биде судено во отсуство.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска, потврди дека ќе бараат да му се суди во отсуство, а неговиот адвокатот Љупчо Шврговски во изјава за медиумите рече дека и во таков случај ќе продолжат да го застапуваат поранешниот началник на петтата управа, затоа што тоа од нив било побарано, и од синот на Грујовски.

Следното рочиште е закажано за 2. октомври, до кога судот и СЈО очекуваат да го добијат известувањето од МВР и да продолжат со постапката.