Вести Македонија

Општина Центар ги повикува Владата и Град Скопје да свикаат итна седница за загадувањето

Сподели:

skopje_magla-600x400

„Општина Центар ги повикува Владата и Град Скопје да свикаат итна седница, за да се договорат и брзо реализираат мерки против енормното загадување.

Во моментов, меѓу другото и заради изборната кампања,  очигледно не се презема ништо во однос на ова горливо прашање. Ваквиот однос е недозволив, бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од се’, а ситуацијата со загадувањето е неподнослива.

Скопје и Тетово се повторно најзагадените градови во Европа. Ова треба да е врвен приоритет во моментов, одлагање не смее да има. Се надеваме дека градските власти и Владата ќе одвојат време и во најкус рок ќе свикаат итна вонредна седница“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Сподели: