Вести

Организацијата „Црна моќ“ ја презеде одговорноста за нападот во Далас

Сподели:

napad-Dalas

Одговорноста за нападот врз полицијата во Далас ја презеде политичката организација „Црна моќ“ која на својот профил на „Твитер“, напиша дека ќе следуваат уште убиства на полицајци.

– Нашите снајперисти убија петмина полицајци. Во наредните денови ќе има уште убиства. Набавете пушки и придружете им се на нашите снајперисти во борбата против полициската репресија – пишува на профилот на „Твитер“ на таа организација.

 

Едночасовната престрелка во Далас денеска заврши со апсење на тројца од четворицата осомничени напаѓачи, додека последниот беше убиен од страна на полицијата.

Неговото тело е идентификувано и станува збор за Мајк Гзавијер Џонсон (25) кој немал криминално досие и живеел во предградие на Далас.

Пукањето почна за време на протестот против полициската бруталност кон црнечката заедница, откако најмалку двајца снајперисти отвориле оган врз полицијата.

meta.mk

 

Сподели: