Магазин Наука и Технологија

ОРИОН: Величествени анимации од Плутон и Харон (ВИДЕО)

Сподели:

Со користење на снимките направени при прелетот покрај Плутон и Харон со вселенската сонда Нови Хоризонти во јули 2015 создадени се релјефни анимации со кои се доловува спектакуларна перспектива која симулира близок прелет над богатата разновидна површина на Плутон и Харон. Висината на симулираниот прелет е со поголема близина над површината за да се доловат екстремните нерамнини на теренот, објави Орион МК.

Слична анимација од Харон кој беше снимен со нешто пониска резолуција поради поголемата оддалеченост при прелетот.

Топографијата, боите и контрастот на теренот наместа е до двојно зголемена за подобро да се доловат повеќе детали од разнообразната површина.

Нова уште пофасцинантна анимација изработена од Роман Ткаченко каде ретката атмосфера на Плутон е претставена со поголема густина за да биде забележителна на видео клипот.

orion.mk

Сподели: