Музика и Филм Ударни вести

ОСКАР 2018: Најдобар филм „Обликот на водата“/ „Shape of Water“

Сподели:

Филмот „Обликот на водата“/ „Shape of Water“, во режија на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо е награден со Оскар за најдобар филм, на церемонијата што ноќеска се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Дел Торо го доби признанието и за најдобар режисер. „Обликот на водата“ беше номиниран во 13 категории, а награди доби само за четири.

– За овој момент мечтаев како момче во мексико. Оскарот го посветувам на сите млади режисери во целиот свет кои имаат намера да снимаат филмови, онакви какви што сакаат, изјави мексиканскиот режисер и додаде дека како многу други, е емигрант во Америка.

Тој нагласи дека САД е негов дом во „секоја смисла на зборот“.

Оскар за најдобра машка улога доби Гери Олдман за улогата во филмот „Најмрачниот час“, во кој маестрално го оживеа Винстон Черчил.

Домаќин на церемонијата на доделувањето на Оскари, втора година по ред, беше познатиот телевизиски водител и комичар Џими Кимел, кој ја отвори церемонијата со свој монолог, кој речиси во потполност беше посветен на сексуалниот скандал со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

https://youtu.be/2hnYE_URTpc

Сподели: