Вести Свет Топ теми Ударни вести

Планиран атентат на францускиот претседател Макрон

 

Француската полиција уапси шест лица поради планирање на напад на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Акцијата била изведена во рамките на големата истрага поради заканите кои што биле упатувани кон францускиот претседател Макрон. Шест француски ултрадесничари биле уапсени во акција на француските безбедносни служби.

Апсењата организирани од специјалните единици на министерството за внатрешни работи на Франција биле изведени во три различни краеви на Франција: Југоисточно од Лион, на границата со Германија и Луксембург и на северозападот, во близина на градот Рен.

Емануел Макрон, во последното интервју во неколку наврати предупреди на заканата која што доаѓа од екстремно десничарските движења ширум Европа кои што се во голем подем.

Сподели: