Музика и Филм

Почина Кит Флинт, пејачот на Продиџи

Сподели:

Пејачот на групата „Продиџи“, Кит Флинт почина на 49-годишна возраст. Тој е пронајден мртов во својот стан во Англија, утрово околу 8 часот, кога од имотот на кој живеел била повикана полиција и брза помош.

Причината за смртта се уште е непозната. Како што јавува „Сан“, полицајците остануваат на местото на настанот, но неговата смрт не се третира како „сомнителна“.

Сподели: