Музика и Филм

Почина Оливер Драгојевиќ

Легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ еден од најпопуларните пејачи на просторите на поранешна Југославија, почина утрово во пет часот во сплитската болница на 71 годишна возраст.

На пејачот една година претходно му беше дијагностицирано рак на белите дробови, а по една година борба, денеска ја загуби битката.

По смртта на пејачот Оливер Драгојевиќ многубројни ѕвезди од Балканот објавија емотивни пораки на социјалните мрежи преку кои се збогуваат од легендата. Еден од нив е и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Нѐ напушти нашиот Оливер. Душата на Хрватска…Остави трага во бекрајот и замина во вечноста. Му благодариме за чувствата со кои оплемени генерации и ги обележа нашите животи“, напиша премиерот на Фејсбук.

Сподели: